
Хенрих Мхитарјан одлучил какви ќе бидат неговите идни планови и се очекува да остане во шампионот Интер уште една сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Договорот на 37-годишниот Ерменец истекува на 30 јуни, но од раководството на “нераѕурите” му ја дале можноста самиот да одлучи дали ќе ја заврши кариерата или ќе продолжи да игра и во следната сезона.
И покрај напредната возраст, Мхитарјан докажа дека сѐ уште е вредна екипна компонента под водство на Кристијан Киву. Тој, исто така, носи огромно искуство во момент кога се очекува Интер ова лето да се раздели со некои од постарите играчи во соблекувалната, како Франческо Ачерби, Матео Дармиан и Јан Зомер.
Во изминатата сезона, играчот на средината на теренот учествуваше во 39 натпревари во сите турнири, придонесувајќи со четири голови и три асистенции.
Очекувано е во блиска иднина Мхитарјан да се сретне со раководството на Интер за да ги разгледа финансиските услови на новиот договор.