Дома Фудбал Тотенхем во подготовка за обновување на тимот: Де Зерби со листа на засилувања за следната сезона

Тотенхем во подготовка за обновување на тимот: Де Зерби со листа на засилувања за следната сезона

По драматична сезона и обезбедување останување во Премиер лигата во последниот натпревар, Тотенхем ќе претрпи значителни промени пред новата сезона.

Тренерот на северно лондонскиот тим, Роберто де Зерби, изготви листа на желби за претстојниот трансфер период, со особен фокус на зајакнување на дефанзивата во тимот.

Според информациите на „Индепендент“, Спарси ќе почнат со засилувања од позицијата голман. Како потенцијални засилувања се споменуваат Џејмс Трафорд од Манчестер Сити и Барт Вербреген од Брајтон.

Во одбраната, визијата на италијанскиот стратег е да го донесе Џон Стоунс, поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, кој го гледа како еден од лидерите на новиот тим. Исто така, интересот се согледува и кон поранешниот бек на Ливерпул, Енди Робертсон.

Дополнително, Тотенхем ја следи ситуацијата околу одбранбениот играч на Борнмут, Маркос Сенеси, за кого има интерес од повеќе клубови.

На листата на желби се наоѓаат и двајца играчи на Брајтон, поранешниот клуб на Де Зерби, дефанзивецот Јан Пол ван Хеке и дефанзивниот среден играч Карлос Балеба.

Ова лето ветува голема трансформација на Вајт Харт Лејн, каде што се очекуваат промени во сите делови на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …