
Од Барселона презедоа клучен чекор, со кој добија важна предност во трката со Баерн Минхен и Ливерпул за потписот на ѕвездата на Њукасл, Ентони Гордон, објавува “Мундо Депортиво”.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од каталонското издание информираат дека неодамнешната посета на спортскиот директор на шпанскиот шампион Деко во Лондон не била само поради напаѓачот на Челси Жоао Педро, туку и со цел да напреднат преговорите за крилото на “Чавките”.
Од своја страна, самиот играч ја оценил иницијативата на Барса и во моментов го преферира токму овој клуб пред останатите кандидати за неговиот трансфер. На “Камп Ноу” им се допаѓа што англискиот репрезентативец може да игра и по левото крило на нападот, како и во неговиот центар, демонстрирајќи таа варијабилност на убедлив начин во минатата сезона.
Како што е познато, Њукасл бара 85-90 милиони евра за 25-годишниот играч. “Блауґранас” планирале договор до летото на 2031 година за Гордон, кој во претходната сезона постигна 17 гола и 5 асистенции во вкупно 46 натпревари.