Дома Останати Кошарка Joкиќ непрепознатлив – ги промаши сите удари за три, но Денвер и така победи! (Видео)

Joкиќ непрепознатлив – ги промаши сите удари за три, но Денвер и така победи! (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113:104 во првиот натпревар од серијата на домашен терен, и сега водат со 2:1 во полуфиналето на плејофот на Западната конференција.

Во Денвер се глеедаше вистинска драма, бидејќи победи по продолженијата, откако Арон Гордон го спаси тимот од пораз со тројка 28 секунди пред крајот на четвртата четвртина.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во тие моменти, Денвер имаше напад за победа, но Никола Јокиќ промаши шут преку звукот на сирената.

Во продолженијата, сепак, тимот на Денвер се снајде многу подобро, остварувајќи сигурна победа од 113:104.

Најефикасниот играч на Денвер беше Џамал Мареј со 27 поени, на што додаде и 8 асистенции, додека Јокиќ беше целосно непрепознатлив со очајниот шут за три поени, бидејќи ги промаши сите десет обиди! Вкупно шутираше 8/25 од игра, а загуби и дури осум топки.

Сепак, Јокиќ го заврши натпреварот со на прв поглед фантастична статистика од 20 поени и 16 скокови, плус подели 6 асистенции.

За Оклахома, најдобар беше Џејлен Вилијамс со 32 поени, додека првата ѕвезда – Шаи Гилџеус Александер, разочара. шутираше очајни 7/22 и го заврши натпреварот со 18 поени и 13 скокови, плус 7 асистенции.

Ноќеска се одигра и третиот натпревар од серијата помеѓу Кливленд и Индијана, а Кавалиерс успеаа да го вратат еден брејк победувајќи со 126:104 како гости.

Така, Кавалиерс го намалија резултатот на 2:1 во серијата, но и следниот натпревар се игра во Индијана.

Донаван Мичел го предводеше Кливленд до победа со импресивни 43 поени и 9 скокови, а Макс Струс додаде 20 поени.

Кај Индијана разочараа апсолутно сите стартери, а со 23 поени од клупата се истакна Бенедикт Матурин.

Фото: Denver Nuggets/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тажни вести од Србија: Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи на 38-годишна возраст

Кошаркарска Србија и регионот се во жалост поради ненадејната смрт на Драган Лабовиќ, пора…