Maкедонскиот атлетичар Јован Стојоски зад себе имаше успешен настап на митингот во Црна Гора во Бар.




Стојоски освои две први места на трките на 100 и 400 метри. На трката на 100 метри Стојоски со времето 10.59 постави и национален рекорд. На трката на 400 метри македонскиот атлетичар ја победи конкуренцијата со време 46.99.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Со овој рекорд Стојоски ги држи македонските рекорди во седум дисциплини: 100 метри, 200 метри и 300 метри на отворено, потоа 400 метри, 200 метри во сала, потоа 400 метри У23 на отворено и во сала.