Македонскиот стратег Чедомир Јаневски се избори за финале со Олимпијакос во Купот на Кипар.
Колку е голем овој успех на Јаневски најдобро зборува податокот дека клубот на едно финале во купот чекаше цели 30 години. Денес Олимпијакос славеше против АЕЛ Лимасол на гости со 1:0, претходно имаа победа од 4:2 во првиот натпревар и така со вкупни 5:2 дојдоа до шанса да се борат за пехарот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јаневски работи одлично и Олимпијакос е во една победничка серија. Овој клуб купот го освои само еднаш и тоа во 1977 година, има и уште три порази во финалињата.