Дома Македонски спорт Официјално: Чедомир Јаневски пронајде нов клуб

Официјално: Чедомир Јаневски пронајде нов клуб

Искусниот македонски стратег Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман во Кипар каде што ќе ја води екипата на Неа Саламис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кипарскиот клуб преку социјалните мрежи го потврди ангажманот на Јаневски.

„Раководството на Неа Сламис сака да соопшти дека постигна договор со Чедомир Јаневски кој има големо искуство во нашиот шампионат. Оптимисти сме дека ќе имаме успешна соработка“, објавија од клубот.

Главната цел на Јаневски ќе биде да избори опстанок бидејќи во овој момент Неа Саламис е претпоследен клуб на табелата во шампионатот.

Дебито на македонскиот стратег се очекува на 21 октомври против поранешниот негов клуб АЕЛ Лимасол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гави одбива трансфер во Манчестер Јунајтед. Англиските клубови понудија 40 милиони евра

Гави (22) ја отфрли можноста да премине од Барселона во Манчестер Јунајтед. Според „Гардиј…