
Јапонскиот боксер Џин Сасаки доживеа тежок пораз минатиот викенд за време на борбата за WBO титулата во велтер категорија.
Во петтата рунда од дуелот, Сасаки доби силен удар со лево кроше во главата од противникот, Брајан Норман јуниор, што веднаш го собори во несвест. При падот, Сасаки со главата удри на подот на рингот, што предизвика сериозни здравствени проблеми.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Претседателот на клубот на Сасаки, Исеи Накаја, изјави за британскиот весник The Sun дека Јапонецот веднаш го изгубил паметењето по борбата.
“Не само што не се сеќава на самата борба, туку не се сеќава ни дека воопшто било планирано да се појави на нешто и не знае ништо што се случувало во последните шест недели.