Дома Останати Кошарка Jaнис блесна во финишот и ги „откажа“ солидните Хрвати

Jaнис блесна во финишот и ги „откажа“ солидните Хрвати

Репрезентацијата на Грција со победа го отвори настапот на Евробаскетот, во натпревар со многу осцилации ја победија Хрватска со 89:85.

Хрватска покажа карактер и се врати од минус 19, сепак во завршницата на сцена стапи Јанис Адетокумбо кој со неколку одлични акции обезбеди победа за својата репрезентација.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од почетокот на мечот Грција започна да прави предност и на полувремето водеа со 46:30, меѓутоа таа нивна доминација траеше до средината на третата четвртина кога водеа со 62:45. Хрватите тогаш постигнаа 15 поени во низа и целосно се вратија во натпреварот.

Грција во последната четвртина сепак го контролираше резултатот, а на помалку од две минути на семафорот стоеше 84:82. Тогаш блесна Адетокумбо кој со две реализации во нападот ја врати Грција во добра предност.

Натпреварот Јанис го заврши со дабл-дабл од 27 поени, 11 скокови и 6 асистенции. Во редовите на Хрватска најефикасен беше Смит со 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ синоќа го доживеа најголемо понижување од кога игра во НБА лигата (Фото)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра синоќа уште една одлична партија, но понижувањето шт…