Дома Фудбал Велемајсторски! Деби гол на Елмас во сезоната за Наполи (ВИДЕО)

Велемајсторски! Деби гол на Елмас во сезоната за Наполи (ВИДЕО)

Наполи со победа ја отвори 28. рунда во Серија А, откако на домашен терен славеше против Торино со 2-1. Во триумфот на тимот од Неапол се истакна и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој го постигна својот прв погодок сезонава во италијанското првенство.

Домашниот тим од самиот почеток ја наметна својата игра, контролирајќи го поседот на топката и вршејќи притисок врз одбраната на гостите. Наполи до водство стигна уште во седмата минута, кога Алисон Сантос најдобро реагираше во шеснаесетникот и ја испрати топката во мрежата за 1-0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По раниот погодок, наполитанците продолжија со офанзивниот пристап и создадоа неколку опасни прилики. Најблиску до втор гол беше Расмус Хојлунд, чиј удар од левата страна на шеснаесетникот заврши покрај стативата. Торино се обидуваше да се закани преку брзи контранапади, но ретко успеваше да создаде посериозна можност.

Во 68. минута следуваше одличен момент за Елиф Елмас. По асистенцијата на Матео Политано, македонскиот репрезентативец со атрактивен волеј ја погоди мрежата и ја зголеми предноста на Наполи на 2-0.

Во составот на Наполи по подолга пауза се врати и искусниот Кевин Де Брујне, додека Торино до крајот успеа само да го ублажи поразот. Чезаре Касадеи во 87. минута го постигна почесниот погодок за конечни 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна е причината поради која играчите на Баерн ја прославија титулата со статуа на какаду папагал

Баварците во неделата станаа шампиони на Бундеслигата по 35-ти пат по победата од 4:2 прот…