Дома Останати Кошарка Драма во Сан Антонио – пукање по натпреварот (Видео)

Драма во Сан Антонио – пукање по натпреварот (Видео)

Сан Антонио го победи Детроит со 121:106 во дербито во НБА лигата, но тоа не е она што се зборува по натпреварот.

На паркингот пред арената по натпреварот се случи пукање додека навивачите ја напуштаа арената.

До судирот дошло по помал судир на возила на паркингот, по што 48-годишен маж му пришол на возилото на другиот човек и испукал два куршуми, погодувајќи ја жртвата во горниот дел од телото.

На него веднаш му била дадена медицинска помош, бидејќи во близина имало еден доктор и една медицинска сестра. Осомничениот веднаш бил приведен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тврдење од Русија: Малик Њумен си заминал од Зенит поради проблеми со кондицијата

За краткиот престој на Малик Њумен во Зенит се појави необично тврдење: наводно имал пробл…