Дома Моторспорт Расел ја освои првата пол-позиција во новата ера, катастрофа за Ферстапен (Видео)

Расел ја освои првата пол-позиција во новата ера, катастрофа за Ферстапен (Видео)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол позицијата пред Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешното првенство во Формула 1.

Расел ја освои најдобрата стартна позиција на „Алберт Парк“ со круг од 1:18.518 минути и стана првиот возач кој се радуваше на квалификациите во новата ера. Најблиску до Расел беше неговиот тимски колега Кими Антонели, кој заостана 293 илјадити делови од секундата зад Британецот, и тоа откако го уништи болидот на третиот тренинг.

Најдобар меѓу останатите беше Исак Хаџара во болидот на Ред Бул, кој беше дури осум десетинки поспор од Расел.

Квалификациите ги обележа и инцидент на самиот почеток, кога Макс Ферстапен излета од патеката и на првата трка од сезоната ќе стартува од 20. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Незгодата на Ферстапен го „замрзна“ Зандворт: Видете што му се случи на домашниот херој (ВИДЕО)

Големата награда на Холандија донесе драматични сцени уште во раната етапа на трката, отка…