Дома Останати Ракомет Грција се повлече од „Трофеј Македонија“ – нема да игра против македонските ракометарки

Грција се повлече од „Трофеј Македонија“ – нема да игра против македонските ракометарки

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека женската репрезентација на Грција нема да го продолжи настапот на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“, кој овие денови се одржува во Охрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причина за ваквата одлука е здравствен проблем во редовите на грчкиот национален состав – дел од ракометарките се соочуваат со вирусна инфекција, поради што стручниот штаб реши тимот да се повлече од натамошното натпреварување.

„РФМ на ракометарките од Грција им посакува брзо закрепнување и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот“, соопштија од федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор…