
Српскиот тенисер во овие моменти игра дуел против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австрилија Опен, а и овој пат приватноста на неговото семејство во свечената ложа е загарантирана благодарение на досетливиот потег.
Во минатото коло и дуелот против Јиржи Лехечка на трибините беа присутни сопругата на Новак, Јелена и синот Стефан Ѓоковиќ. Камерата беше поставена така што снимаше секој момент на ова семејство, но неговиот агент Марк Мадден се досети на генијален план.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Мадден го искористи првото што го имаше покрај себе, а тоа беше потник за рака, кој го постави преку камерата, така што снимањето на семејството беше прекинато и им беше загарантирана сигурноста.
Овој пат освен Јелена и Стефан, на трибините е и ќерката Тара, но снимање веќе нема. Камерата е на истото место, но и потникот што беше поставен дури и пред семејството да пристигне.
Српски Телеграф објави фотографии од боксот на Ѓоковиќ во кој се наоѓа семејството.
Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз може да биде вистински трилер и драма во неколку часа борба. Веќе е познато кој во полуфиналето го чека победникот од овој дуел, а тоа е германскиот тенисер Александер Зверев, кој утрово го совлада Томи Пол.