Дома Останати Кошарка Херисон го избрка Дончиќ од Далас, а сега сака да ангажира Дурант

Херисон го избрка Дончиќ од Далас, а сега сака да ангажира Дурант

Генералниот менаџер на Далас Маверикс, Нико Херисон, истакна дека сака да го доведе Кевин Дурант во Тексас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кевин Дурант е поврзан со државата Тексас затоа што студираше на Лонгхорнс, а следното поглавје во неговата кариера би можело да биде токму во Тексас – во Далас Маверикс.

Како што вели генералниот менаџер на Мавс, според добро информираниот Сем Емик од Атлетик, Дурант е нивна голема желба.

Планот е Дурант да се приклучи на Кајри Ирвинг, со кого веќе играше во Бруклин Нетс, и на Ентони Дејвис кој неодамна пристигна во замена за Лука Дончиќ.

Оваа сезона Маверикс имаат многу проблеми со повредите, особено откако го пратија Дончиќ во Лејкерс, па и Дејвис и Ирвинг ја завршија сезоната.

Интересно е како серијата на повреди ја започна онаа на Ентони Дејвис, на неговото деби во Далас по пристигнувањето од Лос Анџелес. Од тогаш се повредија и Пи Џеј Вашингтон и Даниел Гафорд, комплетирајќи ја целата центарска линија надвор од игра бидејќи Дерек Лајвли беше недостапен од порано.

Освен повредата на Дејвис, тимот најмногу го погоди повредата на Ирвинг, а на располагање на Кид не се ни Џејден Харди, Кај Џонс и Оливер-Максенс Проспер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Агентот потврди: Јокиќ добива брутално засилување – доаѓа Леброн Џејмс?

По осум сезони Леброн Џејмс е слободен во изборот на нова средина, а по напуштањето на Лос…