Дома Моторспорт Хамилтон доживеа голем деловен распад: Со холивудскиот актер започна бизнис, но сè пропадна

Хамилтон доживеа голем деловен распад: Со холивудскиот актер започна бизнис, но сè пропадна

Луис Хамилтон (40) нема добри резултати само на патеката, бидејќи се мачи во својата прва сезона во Ферари, а сега има уште еден проблем.

Неговиот синџир на вегански бургери што го започна со актерот Леонардо ДиКаприо сега е затворен, а како последица на тоа отпуштени се 150 луѓе, потврди „ЕСПН“.

Легендарниот Хамилтон, возач на Формула 1, го лансираше “Neat Burger” во 2019 година и во една фаза имаше осум локации низ Лондон, но постепено ги затвораше локалите, а на крајот на месецов на ред ќе дојде и последниот ресторан. Најпрво „Д сан“ пренесе дека фирмата со седиште во Лондон, за која тврдат дека е прва меѓу синџирите за вегетаријански хамбургери, се намалила поради големите загуби во 2023 година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Расел издоминира во Баку, Антонели најголем губитник

Британецот Џорџ Расел се круниса со победа на Големата награда на Азербејџан, во трка каде…