Дома Моторспорт Хакирана страница на ФИА: Откриени лични податоци на Макс Верстапен

Хакирана страница на ФИА: Откриени лични податоци на Макс Верстапен

ФИА потврди дека дошло до сериозен безбедносен инцидент кој ги загрозил личните податоци на неколку возачи од Формула 1, вклучувајќи го и Макс Верстапен.

Меѓународната автомобилска федерација (FIA) потврди дека во текот на летото се случил хакерски напад на нивната интерна веб-страница што ги содржи личните податоци на возачите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нападот откри безбедносни пропусти во порталов FIA Driver Categorisation, каде што се чуваат клучните документи на професионалните возачи.

Според извештаите, меѓу компромитираните податоци се нашле и личните документи на светскиот шампион Макс Верстапен.

ФИА потврди дека веднаш по откривањето на инцидентот, преземале заштитни мерки и ги информирале надлежните органи за заштита на податоците.

Исто така ги контактирале и сите возачи кои потенцијално биле погодени од овој инцидент.

Информацијата за хакерскиот напад прв ја објави експертот за безбедност Иан Керол, кој заедно со двајца колеги ја анализираше ранливоста на системот на FIA.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Голем пресврт во Ред Бул: Макс Верстапен донесе важна одлука

По недели на шпекулации, пристигнуваат нови информации од австрискиот тим, само два дена п…