Тотенхем го декласираше Манчестер Сити на „Етихад“ со 4:0, работите не се добри за Пеп Гвардиола кој пред неколку дена потпиша нов договор со „Граѓаните“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Работата да биде уште полоша, каталонскиот стручњак за првпат во својата тренерска кариера забележа пет последователни порази.
Прво загубија од Тотенхем (2:1) во Лига купот, потоа загубија од Борнмаут (2:1) и од Спортинг (4:1), а не поминаа добро ниту на гостувањето кај Брајтон (2: 1).
„За осум години никогаш не сме го доживеале ова. Сега треба да го живееме тоа, мора да го завршиме со победа на следните натпревари, а особено на следниот натпревар. Ќе се вратиме, ќе го направиме тоа“, изјави по натпреварот за Би-Би-Си тренерот на Граѓаните.