Дома Фудбал Гвардиола по седмиот пораз во десет натпревари: Најдобри сме, ми се допаѓа како играме

Гвардиола по седмиот пораз во десет натпревари: Најдобри сме, ми се допаѓа како играме

Кризата во Манчестер Сити се продлабочи во Торино каде освојувачот на Лигата на шампионите од пред две години беа поразени по седми пат во последните 10 натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус победи со 2:0, а тимот на Пеп Гвардиола по шестиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона има само осум бода.

Актуелните шампиони на Премиер лигата се на 22. место во рангирањето на клубовите во битката за минување на групата во Лигата на шампионите.

Имаат уште два натпревари во групната фаза, тест на гости кај ПСЖ и домашен меч против Клуб Бриж.

„Игравме многу, многу добро. Горд сум на моите играчи. Тие го дадоа својот максимум. Тешко е во Европа. Игравме навистина добро. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме убедат напротив“, изјави тренерот на Сити и додаде:

Целта е да се пласираме понатаму. Ни треба бод, три бода. Имаме два натпревари пред нас. Нема да го заборавиме овој период откако ќе го оставиме зад нас“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра во свој стил: Ако јас играв, ќе добиев четири црвени картони!

Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (44) за време на Светското првенство работи како с…