Дома Фудбал Господинот Манчестер Јунајтед (62) се пресели во вечноста, најпознатиот обожавател на клубот

Господинот Манчестер Јунајтед (62) се пресели во вечноста, најпознатиот обожавател на клубот

На возраст од 62 години, светот го напушти човекот познат како Господинот Манчестер Јунајтед. Бугарски градежник, којшто првично носеше име Марин Здравков Лавиџов, формално го промени името во Манчестер Јунајтед и стана икона поради тоа што го истетовираше амблемот на клубот на челото.

Неговата претерана љубов кон Црвените ѓаволи започна откако во 1999 година беа сведоци на неверојатна победа во финалето на Лигата на шампионите, со што тимот воден од Алекс Фергусон го обезбеди тројното крунисвање.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според наводите на The Sun, Лавиџов се борел 15 години за да го смени своето име и конечно ја добил таа можност во 2014 година, кога официјално стана Манчестер Здравков Лавиџов-Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Ирска се расплака во по чудото во Будимпешта: Ова ми значи се на светот! (Видео)

Доколку денеска го прашате секој во Ирска за кого би гласале доколку претседателските избо…