Дома Фудбал Големи проблеми за Баерн – се повреди Хари Кејн

Големи проблеми за Баерн – се повреди Хари Кејн

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн вчеравечер се повреди на натпреварот од 12. коло на германскиот шампионат против Борусија Дортмунд (1:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англичанецот почувствува непријатност во бутен мускул во 33. минута од играта, по што беше заменет.

– Кејн заработи мало кинење на ложата на десната нога за време на вчерашниот натпревар. По прегледот на медицинскиот оддел, сигурно е дека Кејн ќе биде надвор од терените, засега на неодредено време, се вели во соопштението на баварскиот клуб.

Кејн игра за Баерн Минхен од 2023 година. Сезонава 31-годишниот Англичанец има 20 гола и седум асистенции на 19 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голгетер од Франција ќе тресе мрежи за Струга!

Струга продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во составот е…