Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда која ја заработи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Само што се опорави, постигна шест гола за еден месец за „Топчиите“ и се врати во стартниот состав, Бразилецот доживеа нова повреда на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед.
Тој ги повреди вкрстените лигаменти на левото колено и ќе мора да мирува до крајот на сезоната.
Жесус веќе имаше проблеми со повреда на коленото, особено во Арсенал. Вкупно, тој пропушти 27 натпревари поради овие повреди помеѓу декември 2022 и февруари 2024 година.
Откако му се приклучи на Арсенал во летото 2022 година, Жесус пропушти вкупно 35 натпревари поради различни повреди.