
По недели на шпекулации, пристигнуваат нови информации од австрискиот тим, само два дена по загубената трка по новата титула, Холанѓанецот донел важна одлука за следната сезона.
Според информациите на RacingNews365, Макс Верстапен ќе го задржи Џанпјеро Ламбиасе како својот тркачки инженер и во сезоната 2026, иако последните недели се зборуваше спротивното.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Шпекулациите се засилија по финалето на сезоната во Абу Даби, каде што Верстапен беше кус во борбата за петтата титула, а Ламбиасе на позицијата на пит-ѕидот беше забележан емоционален.
Многумина тогаш помислија дека станува збор за разделба, особено затоа што 45-годишниот инженер оваа година веќе пропушти две трки, во Австрија и Белгија, поради лични причини.
Во негово отсуство, влезе Сајмон Рени, што дополнително ги распламса гласините за можно трајно променување во тимот.
Потоа се појавија информации дека Ламбиасе од 2026 година нема повеќе да патува на трките, туку ќе работи од базата на Ред Бул во Милтон Кејнс.
Сепак, RacingNews365 сега носи сосема поинаква слика.
Според нивните сознанија, тие тврдења не се точни и Ламбиасе ќе ја извршува својата улога покрај Верстапен во текот на целиот календар за 2026 година.