Дома Останати Кошарка Голден Стејт не ја искористи и втората „меч топка“, Кари и друштвото можат да испишат негативна историја (Видео)

Голден Стејт не ја искористи и втората „меч топка“, Кари и друштвото можат да испишат негативна историја (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс изненадувачки загубија од Хјустон со резултат 107:115 во шестиот натпревар од серијата во плејофот на НБА лигата, па така мајсторката ќе го одлучи патникот во следната рунда на натпреварувањето.

Голден Стејт доживеа вистински шок. Стеф Кари и екипата имаа водство од 3:1 во серијата, но ги испуштија двете први меч топки и така се дојде на чекор до неславна историја.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, Голден Стејт во случај на пораз би станал првиот тим во историјата на НБА лигата кој двапати испуштил водство од 3:1 во серија.

Хјустон од самиот старт беше подобар тим и го контролираше случувањата на паркетот. Голден Стејт се држеше на крила на Кари до почетокот на последната четвртина во која влезе со минус од два поена.

Клучната серија Рокетс ја направија средината на последната четвртина и враќање за Вориорс немаше.

Гостите до победа ги водеше Фред ВанВлит со 29 поени и по осум скока и асистенции, додека Алперен Шенгун постигна 21 поен со 14 скока и шест асистенции.

Кај домашниот тим, Стеф Кари постигна 29, а Џими Батлер 27 поени.

Одлучувачкиот натпревар се игра во ноќта од недела кон понеделник во Хјустон од 2:30 часот по полноќ.

Фото: Houston Rockets/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легендарниот Милош Теодосиќ со емотивно писмо се збогуваше од кошарката

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ денеска соопшти дека ја заврши својата извонре…