Виктор Ѓокерес нема намера да престане да постигнува голови во 2024 година.
Во вторникот во повеќе од убедливата победа на Швеѓаните над селекцијата на Азербејџан постигна – четири!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај него се истакна фудбалерот со македонско потекло и ас на Тотенхем Дејан Кулушевски, кој двапати ја затресе азербејџанската мрежа и еднаш асистираше на Ѓокерес.
Виктор Ѓокерес не мисли дека ќе застане кога се во прашање головите во 2024 година. Од 1 јануари до сега одигра вкупно 55 натпревари и постигна – 58 гола!
Дека не е себичен потврдува и бројката од 16 асистенции.
Момчето кое некогаш беше потценето во Англија, сега е еден од најбараните стрелци во светот. Можеби во јануари ќе го следи својот поранешен тренер Рубен Аморим и ќе му се придружи во Манчестер Јунајтед.
Viktor Gyökeres in 2024 is a different beast 🤯 🔥 pic.twitter.com/v2whyCRrlO
— OneFootball (@OneFootball) November 19, 2024