Дома Фудбал Футсалерите на Украина одржаа минута молк среде натпревар откако УЕФА не дозволи (Видео)

Футсалерите на Украина одржаа минута молк среде натпревар откако УЕФА не дозволи (Видео)

Украинските репрезентативци во футсал сакаа пред квалификацискиот натпревар за ЕП да оддадат почит кон своите сограѓани, жртви на руската агресија. Сепак, УЕФА не им го дозволи тоа. Забраната од страна на Европската фудбалска унија не ги поколеба играчите на украинската национална екипа.

Се обратија до романските противници и со нивна согласност одржаа минута молчење за време на натпреварот. Тоа го реализираа така што веднаш по стартниот удар застанаа мирни на теренот. Романците се приклучија на Украинците во искажувањето почит кон жртвите на руската агресија врз Украина.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Оваа акција на украинските и романските репрезентативци во футсал ги фасцинираше граѓаните на Украина.

. Фото: Screenshot
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлучено е каде ќе се игра финалето на Финалисима!

Финалисима – единствен суперкуп меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка требаше да се иг…