Дома Фудбал Фудбалерите на Јунајтед одбија да носат јакна со боите на виножито

Фудбалерите на Јунајтед одбија да носат јакна со боите на виножито

Клубови од англиската Премиер лига учествуваат во кампањата на Stonewall’s Rainbow Laces, која трае од 29 ноември до 5 декември, за поддршка на ЛГБТК+ вклучувањето во спортот. Меѓу другото, капитените треба да носат ленти со боите на виножито, но неколку играчи веќе одбија или го направија тоа со посебна порака.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од друга страна, фудбалерите на Манчестер Јунајтед се договорија да не ги носат јакните со боите на виножито, кои беа направени специјално за оваа кампања.

Веста прв ја објави The Athletic, а набрзо ја пренесоа и други англиски медиуми. Како што пишуваат, се работи за поддршка на соиграч.

Дефанзивецот на „Црвените ѓаволи“, Нусаир Мазрауи е муслиман и од религиозни причини не смее да ја носи споменатата јакна. Фудбалерите на Јунајтед велат дека не сакаат да го доведат Мароканецот во непријатна ситуација, да го издвојат, па ја отфрлаат идејата заедно да носат такви јакни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…