Реал Мадрид прв доаѓа во водство во полуфиналниот дуел со Баерн Минхен по дваесетинаминути игра. Баерн подобро го отвори мечот и имаше иницијатива, но Реал го одби првиот налет на домаќините и ги казни. Во 22-та минута Тони Крос испрати генијално додавање до Винисиус, кој го совлада Ноер за водство од 1:0.