Дома Фудбал Лига на шампиони Реал конечно победи, Интер падна во Леверкузен

Реал конечно победи, Интер падна во Леверкузен

Реал Мадрид со 3-2 го доби дербито со Аталанта во Бергамо, Интер поразен во Леверкузен, фаворитите лесно.

Во десеттата минута Брахим Дијаз го проигра Мбапе на врвот на шеснаесетник кој ја затресе мрежата на Аталанта. 


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


 На крајот на првото полувреме Де Кетеларе погоди од пенал за израмнување.

По десетина минути игра во вториот дел Винисиус даде гол и го врати водството на Реал Мадрид, а Белингем во 59. минута зголеми и на 3-1. Шест минути подоцна Лукман намали на 2-3, но Аталанта немаше сила и да избегне пораз.

Баер Леверкузен со гол на Мукиеле во 90. минута го победи Интер со 1-0.

ПСЖ и Баерн беа сигурни против Салцбург и Шахтјор, а важни победи остварија Астон Вила, Брест и Клуб Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видете каква глупост направи Шчешни🎥

Бенфика и Барселона играат исклучително возбудлив натпревар, а домаќините после првото пол…