Германскиот третолигаш Динамо Дрезден продаде дури 72.112 влезници за натпреварот од второто коло во Германскиот Куп против Дармштад, кој се игра без публика поради пандемијата. Навивачите на германскиот третолигаш од Дрезден на тој начин сакаа финансиски да му помогнат на својот миленик. Идејата беше на самиот клуб кој пушти карти во онлајн-продажба по цена од 5 евра, а не стави ограничување колку …