Австријскиот репрезентативец Давид Алаба одлучи да го напушти Баерн на крајот од сезоната и веќе од 1. јануари 2021. година има право да потпиша преддоговор со новиот клуб.
Баерн и Алаба со месеци се обидуваа да најдат заеднички јазик, но сето тоа што клубот го нудеше, играчот и неговиот агент го одбиваа. Падна одлука дефанзивецот да замине од Баерн, а сега е прашање каде ќе се пресели следното лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според наводите на шпанските медиуми, Реал Мадрид е во пол позиција за потпис на Алаба, но целата ситуација ја следат и од Сити, Челси, Јунајтед, ПСЖ и Барса.
Како што пишува АС, Јунајтед е прв конкурент на Реал во борбата за Алаба, за кој наводно приоритет е да игра во Шпанија, но никогаш не се изјасни во чиј дрес.
Гледајќи според економскиот аспект, поблиску е Реал отколку Барселона, но кој и да преговара со Алаба треба да биде подготвен да плати 20 милиони евра по сезона за неговиот договор.