Дома Фудбал Германија Флик и покажа на скапо платената ѕвезда кој е газда во Баерн

Флик и покажа на скапо платената ѕвезда кој е газда во Баерн

Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа го победина Баер Леверкузен со 2:1 и божиќните празници ќе ги минат како лидери на табелата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тренерот Ханси Флик му одржа лекција на најзвучното и најголемото засилување на Баерн, Лерој Сане.

Во 32-та минута се повреди Коман и на негово место во игра влезе Сане. Меѓутоа, скапото засилување во игра остана само триесетина минути, па Флик реши да го извади од игра.

Флик очигледно беше незадоволен од играта на Германецот, па реши да му одржи лекција. Сане беше незадоволен, но мораше да ја почитува одлуката на тренерот

„ Ова не е казна за него, одлучив така за доброто на тимот. Во фудбалот најважно е тимот да биде успешен, индивидуалните работи се во втор план“, истакна Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Паднатиот гигант во 2023 година го одби Луис Енрике: Ти не си доволно добар

Луис Енрике прави чуда со ПСЖ. Минатата сезона го однесе францускиот шампион до титулата в…