Шалке 04 одлучи да му врачи отказ на досегашниот тренер Мануел Баум, после серијата на лоши резултати.
Под водство на Баум, тимот од Гелзенкирхен сезонава нема ниту една победа, а поминаа веќе 12 кола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За привремен тренер е поставен легендата Хуб Стевенс и клубот се надева дека со него на клупата ќе успее да избегне испаѓање во втората лига.
Иако нема конкретни информации се претпоставува дека Стивенс ќе го води клубот до крајот на сезоната. Искусниот Холанѓанец, во досегашната кариера во три мандати го водел Шалке.