Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге има објаснување за поголемата популарност на Меси и Роналдо во однос на Левандовски.
Се очекува вечерва Полјакто да ја одбие награта на ФИФА и така да ја прекине доминацијата на Роналдо и Меси, кои со децении се на врвот во сите избори.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Меси и Роналдо имаат значителна предност во некои региони на светот како Азија, Афика и особено Јужна Америка. Тоа се должи на фактот што таму на телевизија нив ги има повеќе отколку играчите од Бундеслигата“, смета Румениге.
„Нема како да се негира дека овој пат Левандовски ја заслужува наградата. Тој одигра исклучителна сезона во која постигна многу голови и освои се заедно со тимот“, додаде директорот на Баварците.