Икер Касиљас ќе мора да стави крај на својата играчка кариера после преживеаниот инфаркт, иако шпанскиот голман се противеше на тоа. Денес неговиот клуб Порто официјално соопшти дека Икер останува, но нема да се врати на терените, туку ќе добие функција на тим-менаџер. Шпанецот ќе биде задолжен за комуникацијата помеѓу играчите и раководството, како и тренерот Консеисао и Управниот одбор …
