
Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата под водство на Џоан Лапорта одлучи да му понуди на Германецот нов, подобрен договор до летото 2027 година.
Досегашниот договор на Флик истекуваше следното лето, во јуни 2026 година, но сè е договорено за сигурен останок до 2027. Исто така, Барса му нудеше на Флик и подолг договор, но тој порача дека сака да оди сезона по сезона и дека ќе преговара повторно, по следната сезона.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Интересно е што Флик истовремено побара од клубот да ги обнови договорите со некои од клучните играчи, во прашање се – Жил Кунде, Френки де Јонг, Ерик Гарсија и Рафиња. Сите споменати направија значителен напредок во кариерата под водство на Флик и тие исто така сакаат да останат во Барселона.
Најголем знак прашање е над Де Јонг, бидејќи тој има договор до 2026 година, а досега одбиваше да преговара. Ерик Гарсија исто така има договор до следното лето, но сега и тој сака да остане, исто како и Кунде и Рафинја кои имаат договори до 2027 година.
Што се однесува до засилувањата, Флик даде зелено светло за доаѓањето на Нико Вилијамс, чија клаузула е поставена на 60 милиони евра, но проблем е што Арсенал му нуди огромна плата за преселба во Лондон. Освен крилниот напаѓач, Флик сака да ја засили конкуренцијата на Жил Кунде, па не се очекува бурно лето, бидејќи останатите позиции се доволно покриени.
За разлика од Нико Вилијамс, кој треба да биде најзвучното засилување, десниот бек ќе биде играч во ротација за кого Барса нема да ја „разбие“ касата. Се споменуваше Романецот Рациу од Рајо Ваљекано.
Фото: Барселона ФК/ФБ