
Новак Ѓоковиќ стана еден од најголемите, ако не и најголемиот тенисер во историјата на овој спорт, а најдобрите натпревари секогаш ги играше во Австралија.
Ноле во Австралија поминуваше пат од рајот до пеколот и назад и сега во Мелбурн ќе има можност да освои 100. титула во неговата кариера. Ќе игра во полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев во петок во 4:30 часот. Нема сомнеж дека Србија нема да спие заради него.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Се сеќавате ли кога Новак Ѓоковиќ првпат беше во Австралија и како тогаш изгледаше? На интернет се појавија фотографии од 2004 година кои веројатно ни самиот Новак не ги памети.