Дома Фудбал Ова полуфинале на Мундијалот носи историски преседан, вакво нешто никогаш претходно не се случило!

Ова полуфинале на Мундијалот носи историски преседан, вакво нешто никогаш претходно не се случило!

Стигнавме до завршницата на Светското Првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се формираа полуфиналните натпревари и она што е значајно е дека за првпат во историјата на Светските првенства, четирите највисоко рангирани репрезентации според ФИФА рангирањето успеаја да се пласираат во полуфиналето. Тоа се Франција (1), Шпанија (2), Аргентина, и Англија (4).

Досега никогаш не се случило четирите најдобрите според рангот да ги земат сите места на полуфиналето на Светското Првенство. Во претходните светски првенства, често имало изненадувања – на пример, Хрватска (1998 и 2018), Турција (2002), Уругвај (2010), Белгија (2018) или Мароко (2022), кои го прекинувале континуитетот на фаворитите.

Оваа година такво изненадување не се случи, и 2026 година воспостави историски преседент. Првото полуфинале помеѓу Франција и Шпанија ќе се одигра во вторник со почеток во 21 часот во Далас, додека следниот ден во Атланта се среќаваат Англија и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра го исмејуваше англискиот репрезентативец: Кабелот одигра подобро од него…

Поранешниот фудбалски ас, Златан Ибрахимовиќ, кој сега е аналитичар на „Фокс“ за Светското…