Дома Фудбал Меси до португалскиот судија: Ти не ме почитуваш! (Видео)

Меси до португалскиот судија: Ти не ме почитуваш! (Видео)

Лионел Меси, повторно беше во центарот на вниманието откако Аргентина по драма и продолженија ја елиминираше Швајцарија (3:1), обезбедувајќи билет за полуфиналето на Светското првенство.

Целиот свет зборува за обвинувањата од страна на Швајцарците кои тврдат дека Меси ја искористил својата позиција и влијание, за да го принуди португалскиот судија Жоао Пинјеира да го исклучи Бреел Емболо.

Камерите го доловија и моментот кога Меси му се доближи на португалскиот судија лице во лице, откако овој очигледно му се обратил со повишен тон.

“Ве молам, обраќајте ми се како што треба. Немојте да ме навредувате, јас на вас ви се обраќам со максимално почитување,” рече Меси на судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредфорд се потсети на 2013: Со 2-0 до четвртфиналето во Лига купот!

Гилеспи и Филипс го решија Питерборо, а Бредфорд првпат по походот до „Вембли“ во 2013 год…