Дома Фудбал Вистинско богатство: Еве колку Конор заработи за 69 секунди борба

Вистинско богатство: Еве колку Конор заработи за 69 секунди борба

Враќањето на Конор МекГрегор во октагонот по петгодишна пауза заврши на најлош можен начин, но и поразот во Лас Вегас, Ирецот замина со голема заработка.

Според медиумските проценки, само со влегувањето во кафезот му беа загарантирани 15 милиони долари, без разлика на исходот на борбата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога на тој износ се додадени процентите од продажбата на pay-per-view преноси, приходите од билети, договори со спонзори и маркетинг активности, се проценува дека неговата заработка ќе надмине 30 милиони долари.

Со тоа, уште еднаш го потврди статусот на најпрофитабилна ѕвезда во историјата на MMA, бидејќи во текот на кариерата, само од борби, бонуси и преноси, заработил над 250 милиони долари.

Вклучувајќи ги и бизнис потфатите, како продажбата на брендот виски Proper No. Twelve, неговото вкупно богатство се проценува на над 500 милиони долари.

Настапот на МекГрегор уште еднаш покажа дека неговото име привлекува огромен интерес од публиката, при што УФЦ го сруши рекордот на организацијата за продажба на билети.

Да потсетиме, во главната борба на вечерта на УФЦ 329 приредбата, МакГрегор си го повреди коленото по само 69 секунди, што Макс Холоуеј го искористи за брза победа со прекин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкомпјутерот ги објави новите пресметки, Аргентина е аутсајдер во битката за трофејот!

Суперкомпјутерот кој го користи реномираната платформа за фудбалска статистика и анализа F…