На многу необичен начин претседателот Аурелио Де Лаурентис го отпушти тренерот на Наполи Џенаро Гатузо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Наполи му требаше победа против Верона за да се пласира во ЛШ, но во клучниот натпревар тие киксираа и му дадоа шанса на Јувентус да оди во најелитното европско натпреварување.
Брзо по завршувањето на натпреварот на социјалните мрежи се огласи Аурелио Де Лаурентис кој соопшти дека Гатузо добива отказ.
„Почитуван Рино. Среќен сум што ги поминав последните две сезони со тебе. Ти благодарам за тоа што го одработи и ти посакувам успех каде и да одиш. Прегратка до тебе, твојата сопруга и децата“, напиша Де Лаурентис.
Низ медиумите во Италија претходно се шпекулираше дека Гатузо може да седне на клупата на Фиорентина.