Дома Фудбал Останато Eден од најголемите стадиони во Бразил ќе се претвори во болница за пациенти заразени со Ковид-19

Eден од најголемите стадиони во Бразил ќе се претвори во болница за пациенти заразени со Ковид-19

Легендарниот бразилски стадион „Пакаембу“ кој го делат Сао Паоло, Палмеирас и Коринтијас ќе се претвори во болница за пациенти заболени со коронавирус.

Бразилските медиуми објавија дека стадионот ќе биде пренаменет во болница во рок од десет дена. Поволност на стадионот е што се наоѓа во близина на една од најголемите бразилски болници.

Идејата за вакво нешто дошла откако во болницата немало доволно кревети за болните. Инаку, доколку е потребно можно е сите стадиони на кои се играше Светското првенство во 2014 година да стана болници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…