Дома Офсајд Eден играч на Сити после лудата ноќ во хотелот имал „топол“ пречек во неговиот дом

Eден играч на Сити после лудата ноќ во хотелот имал „топол“ пречек во неговиот дом

Aнглиските медиуми пишуваат дека победата од 6:1 против Астон Вила играчите на Манчестер Сити ја прославиле во луксузен хотел во кој довеле повеќе италијански убавици.

„Меre Golf Resort and Spa“ во Кнутсфорд ндалеку од населбата во која живеат поголемиот дел играчи на Манчестер Сити бил место на кое се одржала луда забава. Дека нешто се случувало хотелот потврдуваат фотографиите објавени на Инстаграм на девојките кои се забавувале со фудбалерите.

„Сан“ открива дека еден фудбалер на Сити не поминал баш најдобро после забавата.

„Еден играч на Сити помина најлошо. Неговата сопруга полудела кога дошол дома. Таа му дозволила малку слобода, но не ни претпоставувала дека тој ќе остане во хотелот до седум часот наутро. Нејзиното расположение не и се поправило кога дознала за девојките“, пишува „Сан“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

„Кориере“: Роналдо секој месец на Георгина и уплаќа по 100.000 евра

Кристиано Роналдо и Георгина Родригез сигурно се еден од најпознатите љубовни парови во св…