Дома Останати Кошарка Денвер губеше од Оклахома, па Јокиќ почна да дели лекции на тајм-аут (ВИДЕО)

Денвер губеше од Оклахома, па Јокиќ почна да дели лекции на тајм-аут (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ги победија Оклахома Сити на нивниот терен со 121:119 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата.

Центарот на Денвер Никола Јокиќ на крајот на мечот имаше 42 поени, со 22 скокови и шест асистенции.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, најзаслужен за победата беше Ерoн Гордон, кој погоди одлучувачки шут за победа со звукот на сирената. Но, на Денвер не му одеше најдобро во поголемиот дел од натпреварот.

Избраниците на Дејвид Аделман губеа и во првото и во второто полувреме, што малку го иритираше најдобриот играч на тимот, Никола Јокиќ.

Затоа, во еден тајм-аут, Јокиќ ги презеде работите во свои раце и подигна глас на соиграчите, а потоа им објасни усно како треба да играат понатаму во натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со…