Дома Фудбал Де Брујне потврди дека си заминува, a само неколку дена подоцна „падна“ важен потпис во Манчестер Сити

Де Брујне потврди дека си заминува, a само неколку дена подоцна „падна“ важен потпис во Манчестер Сити

Пеп Гвардиола потврди дека Манчестер Сити ја активираше опцијата за продолжување на соработката со еден фудбалер само неколку дена откако Де Брујне објави дека си заминува од овој клуб.

На 4 април Кевин де Брујне на социјалните мрежи потврди дека ќе ја напушти екипата на Манчестер Сити на крајот од сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веднаш во прв план се истакнаа тимови од МЛС и Саудиска Арабија како можни дестинации за Белгиецот.

Неколку дена подоцна, Де Брујне одигра феноменален натпревар во дресот на Манчестер Сити на ‘Етихад’ против Кристал Палас кој заврши со победа на домашната екипа со 5:2.

На крајот од сезоната, на Де Брујне му истекува договорот со Манчестер Сити и тој е еден од играчите кои ќе си заминат од ‘Етихад’.

Манчестер Сити во јануари донесе некои млади играчи и се очекува значително освежен состав ова лето.

Сепак, Гвардиола потврди дека Илкај Гундоган го продолжил својот договор со актуелниот шампион на Англија.

Фотографија: Манчестер Сити/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од н…