Дома Фудбал Дали ги забележавте чудните дресови на Арсенал на натпреварот против Јунајтед? Еве за што се работи

Дали ги забележавте чудните дресови на Арсенал на натпреварот против Јунајтед? Еве за што се работи

На дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед кое се одигра на стадионот Емирати, домашниот тим привлече големо внимание со своите необични дресови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој потег е дел од кампањата „Нема повеќе црвено“, која има јасна порака – да се запре насилството и да се намали криминалот кај младите.

Арсенал, кој е препознатлив по црвената боја, одлучи да носи бели дресови за време на натпреварите од ФА Купот за да го истакне сериозниот проблем со насилството и зголемениот број инциденти поврзани со употребата на ножеви во Лондон и пошироко.

Посебна симболика има тоа што амблемот, логото на спонзорот и бројките на дресовите се целосно бели, што дополнително ја нагласува пораката на оваа кампања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…