
Кошаркарската репрезентација на Литванија доживеа тотално неочекуван пораз во третото коло од првата фаза на квалификациите за Светскиот куп во кошарка.
Литванците гостуваа на Исланд како апсолутни фаворити, но се враќаат дома со обесени глави по поразот од 86:85.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Поразот е уште поизненадувачки бидејќи малку повеќе од шест минути пред крајот, Литванците имаа предност од 21 поен (77:56), но потоа Исланѓаните направија чудо и направија пресврт.
Литванија до крајот на натпреварот постигна само осум поени, а домаќините, предводени од Елвар Фридриксон кој уфрли 34 поени, изведоа голем пресврт и победија.
Во драматичната завршница, шест секунди пред крајот, Игнас Саргиунас со погодоци од линијата за слободни фрлања го врати водството за Литванија на 85:84, но на другата страна, со звукот на сирената, мајсторски погоди Фридриксон и донесе победа за Исланд, што ја разбуди лудата радост во салата.
Интересно е што покрај Фридриксон, единствениот двоцифрен играч во тимот на Исланд беше Тригви Хлинасон, кој постигна 14 поени.
Во тимот на Литванија, најдобар беше Марек Блажевиќ со 19 поени, а Азулос Тубелис постигна 16.
Веројатно е дека оваа силна репрезентација ќе премине во втората фаза, бидејќи три од четирите селекции од секоја група продолжуваат понатаму, но ќе понесат значително помалку бодови од планираното. Тоа ќе биде сериозен проблем за Литванците во понатамошната борба за пласман на светското првенство.