На Ерик Тен Хаг не му оди на клупата, а Холанѓанецот продолжува да изненадува и со изјавите на прес-конференциите. Сега Тен Хаг истакна дека не го признава поразот од Тотенхем бидејќи ФА подоцна го поништила црвениот картон кој го добил Бруно Фернандеш во тој натпревар. Тотенхем доминираше на „Олд Трафорд“ и победи 0:3 со головите на Џонсон, Кулушевски и Соланке. …