Дома Фудбал Реал Мадрид го добива најдобриот во свет за „само“ 70 милиони евра!?

Реал Мадрид го добива најдобриот во свет за „само“ 70 милиони евра!?

Најдобриот играч во светот за 2025 година сега е на прагот да го напушти Манчестер Сити, а Реал би можел да биде неговата идна дестинација.

Иднината на Родри во Манчестер Сити стана тема на разговор во Реал Мадрид, а шпанскиот играч од средината се појави како неочекувана опција откако клубот направи анализа на ситуацијата во нивниот среден ред.

Според информации од странските медиуми, Родри е понуден на Реал Мадрид за сума од околу 70 милиони евра.

Иако претседателот на Реал, Флорентино Перез, претходно не покажуваше голем интерес за доведување на репрезентативецот на Шпанија, неговите одлични настапи на Светското првенство во 2026 година повторно ја отворија дискусијата внатре во клубот.

Се наведува дека официјалниот став на мадридскиот гигант не се променил, но формата на Родри дополнително ги зајакнала аргументите на оние во клубот кои сметаат дека оваа прилика треба сериозно да се разгледа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе го тргна шишенцето од маса на прес-конференција, потсетувајќи на Роналдо

Лигата на шампионите стартува денеска, а дербито на вечерта ќе биде меѓу Реал Мадрид и Инт…