Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд игра во одлична форма на стартот од оваа сезона, а голема улога во неговите одлични настапи има неговото опоравување по тешките натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Норвежанецот за закрепнување користи криотерапија, односно примена на студ или мраз во физикална медицина и рехабилитација, па „граѓаните“ објавија фотографија од закрепнувањето на нивниот напаѓач на температура од -200 степени Целзиусови степени.
На Халанд не му се непознати овие методи, бидејќи пред две години вложил 60.000 евра за да обезбеди услуги за криотерапија во својот дом.